Повик за предлози

Повик за предлози

Проектот Образование за вработување во Северна Македонија објавува повик за доставување предлози од страна на организации со цел заедничко спроведување на активности поврзани со вработување на следните целни групи: млади лица, жени, Роми и лица со попреченост.

Целта на овој повик е да се идентификуваат иновативни идеи и практики кои водат кон (1) директно вработување или (2) значително зголемување на потенцијалите за вработување на целните групи. Идеите и практиките може да бидат поврзани со обуки за стручни вештини, тренинг, менторство, вмрежување, соработка со приватниот сектор, институционална соработка итн. Проектот ги охрабрува заинтересираните апликанти да предложат и истражуваат идеи кои не се поврзани искулучиво со тренинг/обуки, а сепак водат до вработување.

Критериумите за избор се следни:

  1. Иновативни идеи, засебни активности или комбинација на активности (мерки) кои воопшто не биле спроведени досега или не биле спроведени онака како што е предложено;
  2. предложените активности го поттикнуваат интересот на невработените лица;
  3. постои потенцијал за проширување на предложените мерки и потенцијал за нивна повторна примена.

Во рамки на овој повик, проектот ќе ги поддржи трите најперспективни предлози.

Постапка за аплицирање, избор, заедничко дефинирање и спроведување:

Апликантот треба накратко да ја опише идејата (максимум 1 страна) на дадениот образец. Согласно наведените критериуми за избор, ќе бидат избрани три предлози кои понатака заеднички подетално ќе се дефинираат, во соработка со тимот на проектот и претставници од релевантен сектор.

Алокацијата на буџетот главно зависи од обемот на активности (на пр: број на луѓе што може реално да имаат бенефит) и сложеноста на спроведувањето на активностите. Конкретната поддршка и деталниот буџет ќе бидат дефинирани по пат на преговори со избраните апликанти.

Апликантите треба да ги достават своите предлози на следната е-пошта: e4einfo@helvetas.org најдоцна до 15 март 2021 година.