Со поддршка на проектот Образование за вработување во Северна Македонија, на 24.04.2019 година во Скопје беше организирана тркалезна маса на темите:
1. Колку законската рамка за средно стручно образование и обука ни овозможува да имаме квалитетна подготовка на млади чии знаења и вештини се соодветни на потребите на работодавачите?
2. Дали има доволно финансиски средства и колку е ефективна искористеноста на финансиските средства во системот на средно стручно образование и обука?
35 претставници од МОН, ЦСОО, Стопанска комора, работодавачи и училишта, активно и отворено дискутираа и разменуваа идеи и искуства за законската рамка и финансирањето на ССОО. Учесниците ги издвоија главните предизвици, дискутираа за начинот на нивно надминување и ги идентификуваа клучните институции чие залагање е потребно за надминување на предизвиците.
Основа за дискусија беше „Анализата на правната рамка и ресурсите во стручното образование и обука“, која беше промовирана од Биљана Трајковска, Државен советник за стратешко планирање и економски анализи во МОН. Анализата беше оценета како документ кој темелно ги дефинира моменталните состојбите и доаѓа во право време кога залагањата на институциите во РСМ се за воведување повеќе пазарно ориентирано стручно образование и обука.
Документот “Анализа на правната рамка и ресурсите во стручното образование и обука во Република Северна Македонија” во кратка и долга верзија на македонски јазик како и на англиски јазик е достапен на следниот линк.