Барање за прибирање на понуди за изработка на апликативен софтвер

Барање за прибирање на понуди за изработка на апликативен софтвер

Б А Р А Њ Е
за прибирање на понуди бр. 08-1012/1

Стопанската комора на Македонија за потребите на Проектот ,,Образование за вработување во Северна Македонија” ги повикува квалификуваните ИТ фирми кои се регистрирани и работат во Република Северна Македонија, да поднесат понуда за проектот: Изработка на апликативен софтвер за електронски систем за поврзување на верифицирани компании и средни стручни училишта.

Заинтересираните страни можат да побараат копија од тендерската документација почнувајќи од 31 август 2020 година на e-mail: natasa.janevska@mchamber.mk и mihajlo@mchamber.mk

Понудите треба да бидат доставени најдоцна до 14 септември  2020 година (понеделник), до 15 часот, во архивата при Стопанската комора на Македонија на ул. ,,Димитрие Чуповски” бр. 13, Скопје.

Забелешка: Прибирањето на понуди за горенаведените барања не подразбира и автоматско доделување на договор за работа.