Дигитален саем за средно стручно образование 2.0

Дигитален саем за средно стручно образование 2.0

Втора година по ред,  деветоодделенците од Република Северна Македонија се запознаваат со својата идна кариера преку промоција на нови и постоечки струки кои се нудат преку дуалните паралелки во рамки на повикот за упис во средно образование 2022/2023 година на министерството за образование и наука.

Дигиталниот саем за средно стручно образование претставува иницијатива која ја спроведува Министерството за образование и наука со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка, со цел промоција и унапредување на средното стручно образование и обука. Со цел информирање на деветтоодделенците и нивните родители за можностите кои ги нудат средните училишта за стекнување на стручни вештини и соодветно вработување по завршување на средното образование, проектот Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е@мк и Македонскиот центар за граѓанско образование повторно го реализираа дигиталниот саем за средно стручно образование.

Дигиталниот саем 2.0 кој се емитуваше преку платформата Zoom, со организиран онлајн стрим за сите основни училишта низ државата, во 2022 година се насочи кон промоција на неколку струки и тоа преку интерактивни видеа и отворено студио, во рамки на кои деветоодделенците имаа можност да слушнат за професиите, за практичната обука на ученици во компанија, за безбедноста и здравјето при работа но и за кариерните можности по завршувањето на стручното училиште.

Интерактивните видеа кои беа презентирани за време на дигиталниот саем 2.0 имаа за цел да ја приближат публиката до професиите кои реално се барани од страна на пазарот на труд и кои се дел од конкурсот за упис во средно образование, конкретно во рамки на дуалните паралелки во 2022/2023.

Првото интерактивно видео вклучува презентација од две домашни компании на струките заварувач и прехрамбен техничар. Компаниите Брако до Велес и Бучен Козјак од Куманово овозможија преглед на практичната обука на учениците и го дефинираа процесот на безбедност и здравје при работа како навистина важен чекор при целокупното образование на учениците во стручното образование и обука.

Второто интерактивно видео https://youtu.be/As8gFxpDYFY вклучува презентација од две домашни компании на струките инсталатер за греење и климатизација и цевкини водоводи како и агротехничар. Компаниите БФМ до Тетово и Винарска визба Тиквеш од Кавадарци исто така се фокусираа на презентација на практичната обука на учениците како процес преку кој учениците во стручното образование и обука можат да ги стекнат потребните вештини.

Во отвореното студио на Дигиталниот саем 2.0 гостуваа средните стручни училишта Киро Бурназ од Куманово, Димитар Влахов од Скопје и СОУ Гостивар од Гостивар, кои ги потенцираа придобивките од стручното образование како стекнувањето на вештини, практичната обука во компанија и можностите за вработување. Сите средни стручни училишта кои учествуваа во отвореното студио, преку изјави од свои ученици, споделија и искуства од пракса во компании, особено компании кои се насочени кон производство и лични услуги.

Компаниите кои гостуваа во отвореното студио имаа можност да презентираат дел од своето работење и потенцијалите за вработување на младите кои завршуваат стручно образование. Афродита С од Скопје, Вардар Доломит од Гостивар и од Куманово изразија подготвеност за прием на ученици на практична обука но и заложба за пренесување на вештините и знаењата кон сите ученици кои ќе изберат стручно образование.

Швајцарскиот проект Е4Е@мк и министерството за образование и наука продолжуваат со унапредување на стручното образование, особено унапредување на соработката помеѓу компаниите и стручните училишта. Дигиталниот саем продолува да биде платформа за запознавање на идните средношколци со широкиот избор на професии кои ги нуди средното стручно образование и уште поважно понудата на кариерни можности. Дигиталниот саем заедно со социјалниот дијалог и кампањата „Учи паметно, работи стручно“ придонесуваат кон целта повеќе млади лица да се стекнат со квалитетно стручно образование и обука кое придонесува за подобро и пристојно вработување.

Дигиталниот саем за средно стручно образование 2.0 е достапен на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=7BZRGHnAmMQ&t=2253s

Со цел да се приберат мислењата и желбите на учениците и наставниците за промоција на стручното образование и обука во иднина, дигиталниот саем спроведе и онлајн анкета која ги сумираше следните резултати: