Современи материјали за квалитетно средно стручно образование

Наставници, претставници на бизнис секторот и меѓународни експерти, со здружени сили работеа на подобрување на квалитетот на стручното образование преку развој на дидактички материјали. За време на дводневна работилница во рамки на проектот „Образование за вработување“ – E4E@мк, учесниците се здобија со значајни информации и самите креираа акциски планови за континуирано унапредување на дидактичките материјали. … Read more

Дуалното образование се проширува и во високообразовните институции

Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип започна иницијатива со која концептот за интегрирана практична настава од средните училишта ќе се пренесе и во високото образование. Тоа значи дека покрај летната пракса, студентите од трета и четврта година на овој факултет ќе посетуваат практична настава во компании и во текот на семестарот. Ваквиот комплементарен … Read more

Триумф на вештините – успешни приказни од EuroSkills 2023

Лара Тинауер, специјалистка за убавина и козметика од Австрија, ја купи последната авионска карта за патувањето до Полска со цел да учествува на овогодинешниот натпревар EuroSkills 2023 во Гдањск. Откако една членка на австрискиот тим мораше да го откаже своето учество, Лара со задоволство прифати да ја замени на големиот натпревар, бидејќи како што самата … Read more

Колективна визија на македонските индустрии: 18 компании склучија партнерство за развојна кадрите

Кавадарци, 21.09.2023 – M6 Едукативниот центар и швајцарскиот проект „Образование за вработување – Е4Е“ на 20 септември 2023 година, на настан во Кавадарци, го најавија партнерството со кое приватниот сектор ќе се ангажира за развој на кадарот во државата. Ваквата соработка ја рефлектира заедничката заложба за развој на иновации, одржлив развој, како и економски и … Read more

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕР

Хелветас Северна Македонија вработува Финансиски менаџер (100%) на проектот Образование за вработување во Северна Македонија. Заинтересираните кандидати треба да достават писмо во кое изразуваат интерес за работното место и кратка биографија (CV) на англиски јазик, најдоцна до 24 септември 2023 година, преку е-пошта:  e4equotations@helvetas.org. Преземи го деталниот опис на работните задачи и потребните квалификации Хелветас … Read more

„Успешноста на факултетите треба да се мери по бројот и по брзата вработливост на студентите“

„Денес правиме исчекор за да го подобриме квалитетот на практичната настава во компаниите во склоп на студиите на Земјоделскиот факултет во Штип. Преку овие промени очекуваме компаниите да бидат задоволни од стекнатите вештини и компетенции на студентите во текот на нивното студирање“, рече проф. д-р Емилија Арсов, декан на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ … Read more

Професорите и компаниите заедно ја креираат програмата за учење преку работа

Центарот за стручно образование и обука во периодот од 17 до 22 август 2023 година, реализираше серија од осумнаесет работилници на кои професорите од средните стручни училишта заедно со компаниите работодавачи изготвуваа „Програма и план за учење преку работа“. Овие програми се однесуваат на ученици од втора и трета година во паралелки со зголемен број … Read more

Повик за предлози

Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк) фаза 2, има потреба од услуги за креирање на стратегија за комуникации со акциски план за потребите на Центарот за стручно образование и обука. Техничка и финансиска понуда треба да се достави најдоцна до 12-ти јуни 2023 година во затворен плик со назнака „Стратегија за комуникации за стручно образование и … Read more

Земјоделски остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани

Во рамки на проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани”, околу 20-тина млади учесници имаа можност да учествуваат во искористивање на потенцијалот на земјоделскиот отпад и нивните остатоци како алтернативна суровина во производството и дизајнот. Во текот на 2022 и 2023 година, младите учесници во проектот работеа со поканети уметници, врсници, … Read more

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – СОВЕТНИК ЗА КОМУНИКАЦИИ

Хелветас Северна Македонија вработува Советник за комуникации (100%) на проектот Образование за вработување во Северна Македонија. Заинтересираните кандидати треба да достават писмо во кое изразуваат интерес за работното место и кратка биографија (CV) на англиски јазик, најдоцна до 24 април 2023 година, преку е-пошта:  e4equotations@helvetas.org со назнака COMMA-04/23. Преземи го деталниот опис на работните задачи … Read more