Во втората епизода на подкастот, М6 Едукативниот центар ја продолжува својата посветеност кон унапредување на знаењето и практичните вештини особено важни за средниот менаџмент во компаниите. Овој, пат фокусот е ставен на финансиското управување како клучен фактор за одржлив раст и долгорочен успех на компаниите.
Гостин во втората емисија е Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк и признат финансиски експерт. Тој ги споделува своите стручни совети и стратешки пристапи кои ги користат најуспешните бизнис лидери. Главниот акцент на епизодата е ставен на важноста на финансиската писменост и нејзината улога во носењето информирани и стратегиски одлуки, кои ги обликуваат основите за успех.
Клучни теми што се разгледуваат во оваа епизода:
- Основни принципи на финансиското управување и нивното влијание на стабилноста и растот на компаниите.
- Финансиска писменост како неопходен фактор за носење стратешки одлуки и обезбедување на долгорочна конкурентност
- Реални примери и совети за менаџери и претприемачи кои сакаат да ја оптимизираат својата финансиска стратегија
Подкастот нуди безвременски совети за секој бизнис лидер којшто се стреми да ги совлада најважните аспекти на финансиското управување, создавајќи стабилни и профитабилни организации.
Чекор напред со М6“ е платформа која продолжува да ги поттикнува менаџерите и професионалците во земјата да го унапредат своето знаење преку разговори со индустриски експерти и практични насоки. Втората епизода можете да ја проследите на YouTube и Spotify.
Овој подкаст се реализира во соработка со Телма телевизија и е кофинансиран од М6 Едукативниот центар и Владата на Швајцарија преку проектот „Образование за вработување“ – Е4Е@мк, имплементиран од Хелветас.



