Иновативни решенија при воведување на политики – дигитално застапување

Иновативни решенија при воведување на политики – дигитално застапување

4-тата регионална конференција за застапување, во организација на Хелветас од Швајцарија и проектот „Zajedno za aktivno građansko društvo – ACT“ од Србија се реализираше во Белград, во периодот од 07 септември до 09 септември 2022 година – #DevPolHack.

Во рамки на конференцијата учествуваа над 35 учесници од неколку проекти на Хелветас од регионот и тоа од Албанија, Србија, Косово, Северна Македонија и Босна и Херцеговија и го применуваа концептот на дигитално застапување во имплементација на проекти од различни сфери и тоа граѓанско општество, приватен и јавен сектор.

Концептот на дигитално застапување е релативно нова алатка која е дел од целокупниот процес на застапување и се применува во рамки на кампањи, застапувања и лобирања, во голема мера на социјалните мрежи и веб проосторот, како и во комбинација со физички настани. Главната цел на дигиталното застапување е забрзување на процесите на воведување одредени политики од било која сфера во општетството.

Оваа година, регионалната конференција за застапување ја збогатија Heartbeats Innovation & Communication, компанија која има сериозно портфолио на дигитално застапување во регионот и пошироко.

Концептот на дигитално застапување опфаќа неколку чекори кои се применуваат во стандарден формат, без разлика на темата која треба да се застапува. Процесот вклучува:

  • Колективно размислување и споделување на идеи. Во овој сегмент се дефинира и проблемот за кој е потребно застапување.
  • Дефинирање на рамка за дигитално застапување која вклучува: (1) Зошто – целта и вредностите кои треба да се застапуваат, (2) Кој – целните групи и дигитална безбедност при застапувањето, (3) Како – ефективни пораки на комуникација со целните групи и повик за дејствување, и (4) Каде – канали и формати преку кои ќе се реализира застапувањето.
  • потоа се мапира идејата до конечно решение. Хакатонот овозможува натпревар помеѓу тимови на професионалци кои се натпреваруваат во концепирање на застапувањето. Изработката на структуирано застапување во одреден временски период носи голема предност затоа што самиот натпревар наметнува конкуренција помеѓу тимовите и генерира одлични решенија во краток временски рок.

За да се одреди дали дефинираното застапување ги има сите елементи потребни за успех, секоја идеја се презентира пред одредена публика со цел да се тестира решението.

Во текот на 4-тата регионална конференција за застапување, проектните тимови работеа на креирање на кампања за застапување – управување со отпад на локално ниво, но беа опфатени и теми како вклучување на компании во формално стручно образование и обука, зголемување на интересот кај ученици за стручно образование, промоција на стручни училишта и зголемување на информираноста кај младите за нивното право на глас и влијанието од нивното гласање за време на избори. Следната конференција за застапување ќе се реализира во Косово во 2023 година.