На 31 јануари 2020 година, проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ (E4E@мк) и амбасада на Северна Македонија во Швајцарија го организираа настанот „Интеграција на лицата со попреченост во македонскиот пазар на труд“ во просториите на Хелветас, Цирих. Главната цел на овој настан беше да се привлече македонската дијаспора во Швајцарија на едно место и да се согледаат можностите на дијаспората за поддршка при вработување на лица со попреченост во Северна Македонија.
Две македонски организации за лица со попреченост беа избрани како системски актери кои би можеле да раководат со оваа поддршка во иднина. Затоа, Адем Идризи од Хандимак и Елена Кочоска од Полио Плус ги претставија своите организации пред дијаспората и ја објаснија моменталната состојба во однос на развојот на вештини и интеграција на пазарот на трудот на ЛП.
Питер Саксенхофер, управниот директор на INSOS, Швајцарската асоцијација на институции за лица со попреченост ја презентираше работата на својата институција и ги сподели најдобрите практики за поддршка при процесот на вработување на лицата со попреченост. На овој начин, и македонските организации за лица со попреченост и дијаспората имаа можност да се запознаат со швајцарското искуство во оваа област и да согледаат што може да одговара најдобро во македонскиот контекст.
Курт Витрих, тим-лидерот на проектот E4E@мк и Рагми Јусуфи ги презентираа потенцијални интервенции што би можеле да послужат како првични идеи како да се продолжи во иднина и шемата што ги опишува односите меѓу инволвираните страни. Покрај нив, членовите на тимот на E4E@мк – Борис Тримчев, експерт за економија и Надире Селими, специјалист за мониторинг и мерење на резултатите – го претставија проектот E4E@мк за да го презентираат својот легитимитет за ангажирање во оваа област.
Овој настан го отвори и затвори Н.Е. Г-н Кенан Рамадани, амбасадор на Северна Македонија во Швајцарија. Во оваа прилика амбасадата одигра клучна улога во воспоставувањето на контакти и соработка со дијаспората.
Дискусиите помеѓу приближно 80 учесници за време на настанот дадоа ветувачки знаци дека дијаспората е подготвена да се вклучи во поддршката за интеграцијата на лицата со попреченост во пазарот на труд во Северна Македонија.
Овој настан беше клучната причина за оваа посета на Швајцарија. Претставниците на македонските организации за лица со попреченост и членовите на тимот на Е4Е@мк, под водство на Катарина Вокер, главен советник за развој на вештини во Хелветас, имаа можност да го посетат INSOS, како и Band, швајцарска компанија која вработува 800 луѓе, од кои приближно 350 се лица со попреченост. Групата, исто така, оствари средба со Един Дачиќ, Претседател од i-Платформа – организација од Босна и Херцеговина за дијаспората, со цел да се запознае со искуството од неговиот проект.
Следните чекори би биле да се започне со обмислување и спроведување на потенцијални интервенции, што ќе вклучи поддршка од дијаспората и ќе им се помогне на лицата со попреченост да развијат вештини и да добијат пристап до пристојно вработување.