Во почетокот на март 2025 година, македонска делегација отпатува на студиска посета во Швајцарија за да ги истражи најдобрите практики во развојот на вештини за циркуларна економија. Преку посетата, учесниците имаа можност да видат како Швајцарија успешно ги интегрира одржливоста и развојот на работната сила во клучните индустрии.
Клучни точки на швајцарските искуства
Во рамки на посетата, претставници од градежниот, земјоделскиот и електромеханичкиот сектор, сите дел од водечки организации за поддршка на бизнисите, имаа можност да научат од швајцарските циркуларни економски модели и притоа да го зајакнат новиот Центар за циркуларна економија.
Меѓу најзначајните сесии може да се издвојат:
- Swiss Federation for Adult Learning (SVEB) – Учесниците слушнаа за тамошните стратегиите за стручното образование и доживотно учење, како алатки за одржливи транзиции.
- Impact Hub Zurich – Презентација на Инкубаторот за циркуларна економија, иницијатива која што им помага на бизнисите да интегрираат циркуларни принципи.
- Swissolar and ETH Zurich’s Circular Building Industry (CBI) – Прикажани примери за циркуларност во градежништвото, со акцент на повторна употреба на материјали и енергетска ефикасност.
- Punktrufer, Circular Economy Switzerland and Helvetas – Споделени стратегии за вмрежување, креирање политики и можности за подобрување на циркуларната економија во земјава.
- Bern University of Applied Sciences (HAFL) – Споделени научни пристапи за циркуларни практики во земјоделството, со фокус на решенија коишто се релевантни за македонскиот агро сектор.
- Institute for Sustainable Business – Искуства во поддршка на организации и компании во нивниот пат кон циркуларна и одговорна економија, која impact-oriented economy.
Применување на знаењето кај нас
Посетата ја нагласи важноста на развојот на вештини за унапредување на циркуларната економија. Делегацијата се врати со практични стратегии за подобрување на компетенциите на работната сила, поттикнување иновативни одржливи индустрии и зајакнување на соработката меѓу бизнисите, носителите на одлуки и образовните институции.
Со примена на овие знаења, земјата е чекор поблиску до забрзување на зелената транзиција, создавајќи економија која е одржлива, отпорна и подготвена за иднината.
Оваа студиска посета е финансирана од Владата на Швајцарија преку швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@MK спроведуван од Хелветас.









