КОНФЕРЕНЦИЈА „ВЕШТИНИ ЗА ИДНИ РАБОТНИ МЕСТА“

КОНФЕРЕНЦИЈА „ВЕШТИНИ ЗА ИДНИ РАБОТНИ МЕСТА“

Конференцијата „Вештини за идни работни места“ претставува платформа за експерти да се вклучат во отворен дијалог и да споделуваат добри практики за тоа како да се поврзат вештините со идните работни места.

Дводневната конференција се оддржа во хотел Александар Палас во Скопје, Северна Македонија, чиј домаќин беа Министерството за образование и наука и Стопанската комора на Северна Македонија.

Вклучувајќи претставници на високо ниво од Владата, креатори на политики, претставници на образовниот сектор, претставници на приватниот сектор, центри за СОО, младински организации и специјалисти за развојна соработка кои работат во СОО и вработување на млади, конференцијата успеа да формулира мислења, насоки и аргументи за тоа каде образовните системи од регионот треба да се фокусираат во иднина.

Идните стручни вештини, вработувањето на младите и можностите за претприемништво беа темите на кои бројни локални и меѓународни експерти дадоа придонес и ги покажаа идните трендови, сите засновани на потребите и очекувањата на пазарот на трудот.

Говорници од влади, приватниот сектор, академскиот сектор и граѓанското општество од Северна Македонија и регионот на Западен Балкан, како и од Швајцарија и ЕУ, ги презентираа најновите наоди од истражувања и споделуваа практични искуства.

Конференцијата ја постави основата за идна платформа за вештини и вработување, за поттикнување размена и соработка на стратешко и оперативно ниво меѓу релевантните земји.

Министерот за образование и наука на Северна Македонија, Амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија и Извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија одржаа поздравни говори и ја отворија конференцијата.

Младите презентери кои доаѓаат од секторите за претприемништво и младински активизам од регионот дадоа увид во идните трендови и визија за младите.

Панел дискусијата за иднината на пазарот на труд од аспект на младите и претприемачите покрена доста интересни теми за дискусија, особено придонесот на владите и компаниите за тоа како треба да изгледаат вештините и идните работни места на младите.

Со учество во 4 истовремени работилници за иднината на ИТ/Е-трговија, производство, транзиција на зелена енергија и туризам и угостителство, сите учесници имаа можност да слушнат како и да дадат свој придонес кон конечните заклучоци од конференцијата.

Како заклучок на првиот ден од конференцијата, со презентација на истражување, се елаборираше побарувачката за дигитални вештини и им даде можност на учесниците да се вклучат во дискусија со експерт на темата – зголемување на младинскиот потенцијал во Југоисточна Европа.

Вториот ден од конференцијата започна со презентација на променливите вештини во еден променлив свет – глобалните двигатели на промените и трендовите кои ги обликуваат пазарите на трудот и потребите за вештини. Дополнително, експертот зборуваше за влијанието на овие промени врз земјите во транзиција и земјите во развој, како и барањата за вештини кои произлегуваат во иднина.

Две интерактивни презентации на факторите за успех на швајцарскиот систем за СОО, потребите на пазарот на труд во иднина и реакцијата на образованието на возрасните, ги поведоа учесниците низ сесијата – Преглед на швајцарскиот систем за стручно образование и обука и учење на возрасни, со поглед кон идните вештини.

Со две панел дискусии, публиката можеше да ги слушне експертските размислувања за системите за стручно образование и обука и учење на возрасни во регионот, некои практични искуства и иновативни пристапи, како и да комуницира со професионалците преку сесија на прашања и одговори.

Вториот ден од конференцијата беше завршен со сесија во која се прикажаа различни дигитални решенија во СОО и како ниско-технолошки дигитални решенија за учење можат да изгледаат со примена на напредни технологии.

Завршните зборови дадени од домаќините беа надополнети со заклучоци од конференцијата и предвидувања за идните вештини.

За време на целата конференција, сесиите за прашања и одговори овозможија интеракција меѓу професионалците, додека вмрежувањето обезбеди многу појасна патека до вештините за идните работни места.

Конференцијата Вештини за Идни Работни Места беше организирана со поддршка на проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ (E4E@мк) – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).