КОНФЕРЕНЦИЈА

ВЕШТИНИ ЗА ИДНИ РАБОТНИ МЕСТА

дена
часа
минути
секунди

Конференцијата „Вештини за идни работни места“ претставува платформа за експерти кои можат да се вклучат во отворен дијалог и да споделуваат добри практики за тоа како да се поврзат вештините со идните работни места.

Дводневната конференција се одржува во хотел Александар Палас во Скопје, Република Северна Македонија на 7-8 април, 2022 година.

Домаќини на настанот се Министерството за образование и наука на Северна Македонија и Стопанската комора на Северна Македонија, организирано со поддршка на Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија‟ (E4E@мк) – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка SDC.

Вклучувајќи високи владини претставници, креатори на политики, претставници од образовниот сектор, претставници од приватниот сектор, центри за СОО, младински организации и специјалисти за развојна соработка кои работат во СОО и вработување за млади, конференцијата има за цел да извлече насоки, размислувања и аргументи за тоа каде е образовните системите од регионот треба да се фокусираат во иднина.

Идните стручни вештини, вработувањето на младите и можностите за претприемништво се темите на кои бројни локални и меѓународни експерти ќе дадат придонес и ќе ги покажат идните трендови, сето тоа засновано на потребите и очекувањата на пазарот на трудот.

Говорници од влади, приватниот сектор, академската заедница и граѓанското општество од Северна Македонија и регионот на Западен Балкан, како и од Швајцарија и ЕУ, ќе ги презентираат најновите наоди од истражувања и ќе споделат практични искуства.

Конференцијата има за цел да воспостави основа за идна платформа за вештини и вработување и да поттикне размена и соработка на стратешко и оперативно ниво меѓу релевантните земји.

Домаќини на конференцијата Вештини за идни работни места се Министерството за образование и наука на Северна Македонија и Стопанската комора на Северна Македонија. Конференцијата е организирана со поддршка на Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Воведни говори:

  • Јетон Шаќири – Министер за образование и наука на Република Северна Македонија
  • Н.Е. Вероник Улман – Амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија
  • Антони Пешев – Извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија

По разгледување на вештините што се потребни за во иднината, во услови каде постои брза промена на работните места, идните трендови и визијата на младите ќе бидат претставени во амбиент на TED говори, вклучувајќи теми за:

  • Идни трендови и визија на младите.

Презентери:

  • Никола Велковски (22) – Ко-основач и извршен директор на Howitzer
  • Хера Гишти (18) – Младински активист од Албанија
  • Нина Николич –StartUp Macedonia/Swiss Ep

Презентацијата во врска со горе-наведените теми ќе биде проследена со панел дискусија за иднината на пазарот на труд од аспект на Младите и претприемачите. Панелистите ќе имаат можност да разговараат за теми поврзани со респонзивноста на владите и компаниите за вештините и работните визии на младите.

Панелисти:

  • Огњен Марковиќ – RCC
  • Хера Гишти (18) – Младински активист од Албанија
  • Александар Клашниновски – Brainster Next
  • Нина Николич – StartUp Macedonia/Swiss Ep

Учесниците на конференцијата исто така ќе имаат шанса да се приклучат на една од четирите истовремени работилници и да придонесат или да го збогатат своето знаење за иднината на ИТ/Е-трговијата, производството, транзиција на зелена енергија или туризам и угостителство.

Модератори на работилниците:

  • Боро Јакимовски – Професор на Факултетот за компјутерски науки и инженерство – Скопје
  • Марта Наумовска Грнарова – Генерален директор на компанијата Завар
  • Анастасија Бекиш – Менаџер за животна средина и климатски промени на регионалната програма RECONOMY
  • Клара Гарсија Пара – Водечка компонента во развојот на приватниот сектор за RISI Албанија

Конечно, првиот ден од конференцијата ќе биде заокружен со презентација од истражување кое вклучува побарувачка за дигитални вештини и можност за учесниците да се вклучат во дискусија со експертот.

Презентер:

  • Кристина Мереута – Експерт за развој на човечки капитал во Европската фондација за обука (ЕТФ)

По дискутирање на тема зошто вештините се и ќе бидат значаен дел од идните работни места, вториот ден од конференцијата ќе започне со прикажување на глобалните двигатели на промени и трендови кои ги обликуваат пазарите на трудот и потребите за вештини. Дополнително, експерт на темата ќе зборува за влијанието на овие промени врз земјите во транзиција и земјите во развој и барањата за вештини кои произлегуваат од нив во иднина.

Презентер:

  • Умухан Бардак – Експерт за развој на човечки капитал – Европска фондација за обука (ЕТФ)

Овој говор ќе биде проследен со збир на интерактивни презентации за факторите за успех на системот за стручно образование и обука и за тоа што му треба на пазарот на трудот во иднина, како и реакцијата на образованието за возрасни.

Презентери:

  • Проф. д-р Урсула Ренолд – Заменик раководител на секторот за управување и технологија, Швајцарски федерален институт за технологија (ETH) Цирих (ќе се приклучи онлајн)
  • Бернхард Гремигер – Директор, Швајцарската федерација за образование на возрасни

Во вториот дел од денот, две рунди панел-дискусии ќе и овозможат на публиката да ги слушне експертските размислувања за системите за стручно образование и обука и учење на возрасни во регионот, да запознае практични искуства и иновативни пристапи.

Презентери:

  • Мерита Чеку – Директор и регионален координатор во Академијата Beetroot – Косово
  • Оливер Стреит – Технички директор за образование, вештини и вработување, образование до вработување, NIRAS
  • Ивана Георгиевска – Експерт за стручно образование и обука – E4E/МЦГО
  • Свен Доминковиќ – Проект менаџер, Босна и Херцеговина
  • Ермира Шити – Вештини, Кариерно насочување и посредување, Тим лидер – RISI Албанија
  • Ејвис Гишти – Генерален директор на Националната агенција за стручно образование и обука и квалификации (НАСООК)

Вториот ден од конференцијата ќе биде завршен со сесија за прикажување на различни дигитални решенија во СОО и презентација од најновото истражување на европски проект за дигитално нарушување како и примери за тоа како ниско-технолошките дигитални решенија за учење можат да изгледаат во идни услови и со примена на имерсивните технологии.

Презентер:

  • Д-р Франческа Амендуни, Виш истражувач, Швајцарски федерален универзитет за стручно образование и обука ШФУСОО

Завршни зборови:

  • Михајло Донев, Оперативен директор за развој, иновации и знаење при СКСМ
  • Надица Димовска, Соработник за средно образование во Министерството за образование и наука

Домаќини на конференцијата Вештини за идни работни места се Министерството за образование и наука на Северна Македонија и Стопанската комора на Северна Македонија. Конференцијата е организирана со поддршка на Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.

ГОВОРНИЦИ

Јетон Шаќири

Министер за образование и наука на Република Северна Македонија

Н.Е. Вероник Улман

Амбасадор на Швајцарија во Република Северна Македонија

Антони Пешев

Извршен директор на Стопанската комора на Северна Република Македонија

Михајло Донев

Оперативен директор за иновации и развој во Стопанска комора на РСМ

Надица Димовска

Виш соработник за образование во Министерството за образование и наука

Нина Николиќ

StartUp Macedonia/Swiss Ep

Огњен Марковиќ

RCC

Александар Клашниновски

Brainster Next

Кристина Мереута

Експерт за развој на човечки капитал во Европската фондација за обука (ЕФО)

Умухан Бардак

Експерт за развој на човечки капитал – Европската фондација за обука (ЕФО)

Проф. Д-Р Урсула Ренолд

Заменик Раководител на Сектор за управување и технологија, Швајцарски федерален институт за технологија (ETH) Цирих

Бернхард Гремигер

Директор, Швајцарска федерација за образование на возрасни

Мерита Чеку

Директор & Регионален координатор на Академијата Beetroot – Kosovo

Оливер Стреит

Технички Директор за образование, вештини & вработување, образование за вработување, NIRAS

Ивана Георгиевска

Експерт за стручно образование и обука – E4E/МЦГО

Свен Доминковиќ

Проектен Менаџер на Хелветас, Босна & Херцеговина

Ејвис Гишти

Генерален Директор на Националната Агенција за СОО и квалификации (НАСООК)

Др. Франческа Амендуни

Виш истражувач, Швајцарски федерален универзитет за стручно обравоние и обука, ШФУСОО 

Никола Велковски (22)

Кo-основач & CEO на Howitzer

Хера Гишти

Младински активист

МОДЕРАТОРИ

Огнен Јанески

Главен модератор
TV личност

Боро Јакимовски

Професор на Факултетот за компјутерски науки и инжинерство – Скопје

Марта Наумовска Грнарова

Генерален Менаџер во компанијата Завар

Анастасија Бекиш

Менаџер за животна средина и климатски промени на Регионалната програма RECONOMY

Клара Гарсија Пара

Главна компонента во развој на приватниот сектор за RISI Албанија

Петар Барлаковски

Претседател на Младински образовен форум (МОФ)

Катарина Валкер

Хелветас, меѓународен консалтинг за стручно образование и обука и младинска вработеност