Конкурс за избор на надворешни соработници за стручна работа на Центарот за стручно образование и обука – Скопје

Конкурс за избор на надворешни соработници за стручна работа на Центарот за стручно образование и обука – Скопје

Врз основа на член 37 од Законот за стручно образование и обука (Службен весник на Р. Македонија бр. 71/06, 117/08, 148/09, 17/11, 24/13, 137/13, 41/14, 145/15, 55/16 и 64/18) а согласно Годишниот план за соработка помеѓу УНИЦЕФ и Министерството за образование и наука и Деталниот план на активности помеѓу Центарот за стручно образование и обука и УНИЦЕФ (ноември 2023 – јули 2024), Центарот за стручно образование и обука – Скопје распишува:

КОНКУРС

За избор на надворешни соработници за стручна работа на Центарот за стручно образование и обука – Скопје

  1. Центарот за стручно образование и обука Скопје, распишува конкурс за избор на надворешни соработници за следните сектори на квалификации според НРК: геологија, рударство и металургија; градежништво и геодезија; графичарство; економија, право и трговија; здравство и социјална заштита; земјоделство рибарство и ветеринарство; машинство; сообраќај, транспорт и складирање; текстил, кожа и слични производи; хемија и технологија, и тоа:

    1.1 По еден експерт за животна средина за секој сектор/ струка за изработка на наставни програми и развој на наставни материјали за поддршка на имплементација на наставните програми.
    1.2 По еден експерт од соодветната област за секој сектор/ струка за изработка на наставни програми и развој на наставни материјали за поддршка на имплементација на наставните програми.
    1.3 По еден наставник од средно стручно училиште од соодветниот сектор/ струка за изработка на наставни програми, развој на наставни материјали за поддршка на имплементација на наставните програми и реализација на работилници со наставници кои ќе ги спроведуваат наставните програми.
    1.4 Превод на наставни програми и наставни материјали од македонски јазик на албански јазик.
    1.5 Графичко уредување на наставни материјали.
  • Право да конкурираат имаат:
  • За точка 1.1 експерти докажани во областа на животната средина; докторски или магистерски студии, или минимум 15 години искуство во областа животна средина;
  • За точка 1.2 експерти докажани во соодветната област; докторски или магистерски студии во соодветната област и работно искуство во воспитно-образовна или научна дејност за соодветната струка; да имаат објавени стручни, односно научни трудови кои се од значење за соодветната струка и за унапредување на воспитанието и образованието;
  • За точка 1.3 наставниците од средните училишта кои имаат најмалку три години работно искуство во стручното образование за соодветната струка;
  • За точка 1.4 кандидати со соодветно високо образование и одлично познавање на македонскиот и албанскиот јазик.
  • За точка 1.5 соработници со образование од областа на графичкото дизајнирање и уредување и искуство во уредување на текстови, публикации и материјали.

Предност имаат:

  • За точките 1.1, 1.2 и 1.3 кандидати кои учествувале во изработка на наставни програми и учество во проекти од областа на животната средина.
  • За точка 1.4 кандидати кои претходно преведувале наставни програми и материјали од стручното образование и обука.
  • За точката 1.5 кандидати кои приложуваат докази за искуство во графичкото дизајнирање и уредување на материјали.

Со кандидатот кој ги исполнува условите и биде избран за надворешен соработник, ќе биде склучен договор.

Кандидатот треба да достави пријава во која точно ќе биде наведена позицијата за кој се пријавува, документација за исполнување на условите кои се наведени во овој конкурс (фотокопија од Диплома или Уверение за завршено образование и потврда за работен однос) и кратка биографија.

Пријавите кои ќе бидат некомплетни и ненавремени нема да се разгледуваат.

Конкурсот трае 10 дена од денот на објавувањето.

Пријавите со потребната документација се доставуваат во архивата на Центарот за стручно образование и обука Скопје, или по пошта на адреса: бул. Гоце Делчев бр. 18 Скопје, п. Фак 290.

Центар за стручно образование и обука Скопје