Медиумска кампања за промоција на стручни
занимања и стручно образование

Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@mk), покрај своите три главни очекувани резултати, како дел од хоризонталните теми поддржува активности и мерки кои водат кон подобрување на целокупната слика за формалното и неформалното стручно образование и обуки како и стручните занимања во Република Северна Македонија. Затоа проектот поддржува различни иницијативи и тоа од училишни активности за промоција на средни стручни училишта се до кампања за промоција на стручни занимања и стручно образование и обука.

Во декември 2018 година, проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@mk), Паладиум ЛЛЦ Скопје преку проектот на USAID North Macedonia за развој на деловниот екосистем, Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика, заедно подржаа иницијатива преку која ќе промовираат стручните занимања и стручното образование и обука во Република Северна Македонија.

Кампањата е предвидено да започне во септември 2019 година и да трае до април 2020 година, со можност за продолжување, како редовна активност и поддршка од страна на сите релевантни чинители.