Меморандум за соработка за спроведување на заедничка медиумска кампања

Меморандум за соработка за спроведување на заедничка медиумска кампања

Преку заемна соработка, проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@mk), Паладиум ЛЛЦ Скопје преку проектот на USAID North Macedonia за развој на деловниот екосистем, Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика, имаат за цел да ги промовираат стручните занимања и стручното образование и обука во Република Северна Македонија. Во таа насока, беше потпишан Меморандум за соработка за спроведување на заедничка медиумска кампања која е предвидена да започне во 2019 година и да трае до 2020 година, со можност за продолжување.