МОНИТОРИНГ И МЕРЕЊЕ НА РЕЗУЛТАТИ
Системот за мониторинг и мерење на резултатите е составен дел на проектот Образование за вработување во Северна Македонија. Овој систем го поддржува проектниот тимот при планирање, дизајнирање, управување, ревидирање и евалуација на проектните интервенции во согласност со пристапот за развој на пазарни системи (MSD) и ДЦЕД (DCED) стандардите за мерење на резултати.
Како интегрален инструмент од системот за управување, МРМ е од суштинско значење за подготовка на Годишните планови за работа, управување, учење, максимизирање на влијанијата и одговорноста пред донаторот и релевантните засегнати страни.