Обука на наставници од средни стручни училишта

Обука на наставници од средни стручни училишта

6 наставници по стручни предмети и практична настава, заедно со експертот за стручно образование и обука од Е4Е@мк учествуваа на обука – Дидактика базирана на (работни) ситуации, во Берн Швајцарија.

Обуката беше спроведена на Швајцарскиот федерален институт за стручно образование и обука.

Поддржани од Е4Е@мк, овие наставници ќе бидат идни мастер обучувачи на други наставници од стручнотообразование. Станува збор за суштински методолошки пристап, чие имплементирање во образовните практики го прави стекнувањето на компетенции кај учениците поефективно.