Обука на наставници од електротехничка струка

Обука на наставници од електротехничка струка

Наставници по стручни предмети од ДСУ – РЦСОО „Моша Пијаде“ од Тетово посетуваа обука за „Системи за еколошки чисти мотори и нивно оддржување“ која беше реализирана од страна на провајдерот ССУ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола.

Група на наставници кои ја следеа обуката „Системи за еколошки чист мотор и нивно оддржување“ имаше можност да следи 4 сесии кои ги опфатија следните теми:

  1. вовед во автомобилски мотори.
  2. моторот како извор на загадување, издувни гасови, резервоар и картер.
  3. системи за контрола на издувните гасови.
  4. управувачка единица на моторот, сензори и системи за контрола на штетни емисии.

Провајдерот на обуката ССУ Ѓорѓи Наумов од Битола, покрај теоретскиот дел, овозможи и видео презентација на содржини за време на обуката.

Дополнително, провајдерот на обуката ССУ Ѓорѓи Наумов од Битола организираше и демонстрација на системите за чисти еколошки мотори во СН Центарот за моторни возила во Битола, приватна компанија која овозможи реализација на практичниот дел од обуката за наставниците.

„Обуката за Системи за еколошки чисти мотори и нивно оддржување“ која беше реализирана од страна на ССУ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола ни овозможи да се стекнеме со теоретски и практични вештини, а со тоа добивме можност и за надградба нашите знаења и компетенции како наставници во стручното образование. Модулите кои се реализиараа за време на обуката ни помогнаа да ги надградиме нашите стручни познавања за издувните гасови кај моторните возила како и нивно одржување. Сметам дека практичниот дел од обуката кој се реализираше во компанијата СН Центарот за моторни возила во Битола ни овозможи да видиме во пракса различни примери на издувни системи од технички аспект на одржување на моторните возила, систем за кочење, систем за сигнализација и сметам дека обуките од овој тип треба задолжително, покрај теоретскиот дел, да содржат и практичен дел. Добиените знаења и информации за време на обуката ќе можам да ги пренесам на моите ученици и тоа во текот на оваа учебна година преку предметот Мотори со внатрешно согорување а со тоа и самите ученици да ги подобрат своите знаења. Планираме и ние да ги спроведуваме истите медоти на обука за учениците, се разбира со вклучување на практичнен дел во компанија затоа што е од особена важност“ – Драгомир Митровски, професор по стручни машински предмети во РЦСОО Моша Пијаде од Тетово.

Обуките кои се реализираат им овозможува на учесниците од ДСУ – РЦСОО „Моша Пијаде“ – Тетово да ги усвојат компетенциите за кои се обучуваат и да ги интегрираат истите во својата наставничка пракса, со цел поквалитетна настава по стручни предмети и практично образование, што треба да резултира со стекнати стручни вештини од страна на учениците во ДСУ – РЦСОО „Моша Пијаде“ – Тетово.

Со поддршка од Владата на Швајцарија преку проектот Образование за вработување во Северна Македонија, се реализираат серија обуки за професионален развој на наставниците по стручни предмети од регионалните центри за стручно образование и обука со цел унапредување на стручните сознанија и вештини за секторите за кои образуваат.