Хелветас вработува Координатор за стручно образование и обука (100%) на проектот Образование за вработување во Северна Македонија.
Министерството за образование и наука (МОН) ја спроведува Реформската агенда (План за раст) 2025–2027 година, со фокус на унапредување на човечкиот капитал преку образование и развој на вештини.
Министерството има за цел да ги зајакне своите внатрешни капацитети преку назначување на посветен координатор за стручно образование и обука (СОО), кој ќе го поддржува планирањето, координацијата и спроведувањето на реформите поврзани со СОО и ќе придонесе кон постигнување на индикаторите од Реформската агенда.
Во рамки на Политичката област 3: Човечки капитал, Подобласт 3.1: Образование и вештини, координаторот за СОО ќе има клучна улога во поддршката на хоризонталното спроведување на реформите, особено во областа на стручното образование и обука.
Заинтересираните кандидати треба да достават писмо во кое изразуваат интерес за работното место и кратка биографија (CV) на англиски јазик, најдоцна до 4 јуни 2025 година, преку е-пошта: e4equotations@helvetas.org.
Хелветас ќе ги контактира, повика на интервју и информира само оние кандидати кои ќе бидат избрани на кратка листа.



