Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк) има потреба од вработување на технички советник од областа на средно стручно образование и обука.
Заинтересираните кандидати треба да достават писмо во кое изразуваат интерес за работното место и кратка биографија (CV) на македонски и англиски јазик најдоцна до 7 декември 2020 година преку е-пошта: e4einfo@helvetas.org со назнака ТС-01/20.
Преземи го деталниот опис на работните задачи и потребните квалификации.
Проектот ги замолува заинтересираните кандидати да не се јавуваат телефонски. Најуспешните кандидати ќе бидат повикани на интервју.