Со поддршка на проектот Образование за вработување во Северна Македонија (Е4Е@мк) и Европската фондација за обука (ETF), Центарот за стручно образование и обука подготви Концепт за учење преку работа кој е донесен од Министерството за образование и наука во април 2020 година.
Концептот се однесува и е поддршка на воведувањето на реформираното четиригодишно (техничко) образование и обука кое со учениците од прва година започна да се реализира во учебната 2019/2020 година.
Учењето преку работа е учење кое е реална работа и е директно поврзано со производството на стоки и услуги. Дополнително, учењето преку работа е платформа за надградба на знаењата на младите која во голем број на развиени земји создава генерации на стручни и вработени лица.
Се очекува дека овој вид на учење и неговата квалитетна реализација во соработка меѓу училиштата и работодавачите ќе излезе во пресрет на образовните и кариерните потреби на младите лица вклучувајќи и самовработување, како и потребите на економијата за квалификуван и конкурентен кадар.
Концептот е достапен на веб-страните на Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука, на линковите подолу:
http://mon.gov.mk/stored/document/Koncept-za-ucenje-preku-rabota.pdf