Политика за приватност

Целта на оваа политика за приватност е да Ве информира во однос на личните податоци кои Хелветас Швајцарска Интеркооперација од Швајцарија, подружница Скопје  (во натамошниот текст „контролорот“) во рамки на проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ (E4E@мк) ги обработува за вас. Врз основа на Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст „законот“) при собирање на Вашите лични податоци, ние дејствуваме како контролор и за обработката на истите сме должни да ве информираме. Обработката на вашите лични податоци претставува многу сериозна активност за нас и ги преземаме сите неопходни технички и организациски мерки за заштита на обработката на вашите лични податоци. Воедно, при обработка на Вашите лични податоци секогаш се водиме од начелата поврзани со обработката на личните податоци, предвидени во законот.

Оваа политика се однесува на сите категории на субјекти на личните податоци, чии податоци ги обработуваме во согласност со закон.

Кои сме ние?

Назив: Хелветас Северна Македонија, проект „Образование за вработување во Северна Македонија“ (E4E@мк)

Адреса: Ул. „Васил Ѓоргов“ бр. 16 (ТЦ Зебра, 2 кат) 1000, Скопје

контакт маил: e4einfo@helvetas.org   

Овластено лице за заштита на личните податоци односно координатор е:  Александра Илкова, контакт: e4einfo@helvetas.org,   

Категории на субјекти на личните податоци

Ние како контролор за исполнување на нашите законски обврски, договорни обврски, за нормално функционирање на организацијата, исполнување на целите на проектот, како и во согласност со природата на работењето на организацијата, ги обработуваме личните податоци на следниве категории на субјекти на личните податоци:

  • Посетители на веб страницата – податоци за навигација, односно неопходни колачиња за нормално функционирање на веб страницата. Видете повеќе во политика за колачиња,
  • Вработени – податоците се обработуваат врз основа на законот за евиденции од областа на трудот, законот за работните односи, како и другите закони кои ја уредуваат оваа област,
  • Кандидати за вработување – податоците се обработуваат за исполнување на договорни обврски односно вработување на соодветниот кандидат,
  • Учесници на обуки – податоците се обработуваат врз основа на вашата согласност за учество на обуки организирани од проектот,
  • Лични податоци на ангажирани лица (консултанти и надворешни соработници) – податоците се обработуваат за исполнување на договорни обврски кои произлегуваат од склучен договор со ангажираните лица.

Како ги собираме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци кои ги обработуваме односно собираме за вас како посетители на нашата веб страна, за време на вашата посета во нашата веб страна се податоци за навигација односно неопходни колачиња за нормално функционирање на нашата веб страница (повеќе информации во политиката за колачиња).

Веб страницата ви нуди можност да ни пишувате директна порака преку поставената контакт форма во делот на „Контакт“. Воедно, веб страницата ви нуди можност да се регистрирате за идни обуки кои ги организира проектот.

Исто така, веб страницата ја користиме и за информирање на јавноста со соопштенија, активности, објавување на податоци кои сме обврзани да ги објавивме за организацијата, како и податоци за контакт (адреса на организацијата, телефонски број, маил и информациии за координаторот за заштита на личните податоци).

Посетители на нашата веб страница:

При посетата на на нашата интернет страна, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса.
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел.
  • Вашиот оперативен систем.
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија.
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна.
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете нашата веб страна.
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите.
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Поевеќе информации во политика за колачиња.

Контакт форма

Доколку сакате да ни пратите порака директно преку контакт форма, мора да се достават следниве категории на лични податоци:

  • Вашето име.
  • Вашата маил адреса.
  • Вашата порака.

Податоците од контакт формата се обработуваат од овлатеното вработено лице во согласност со природата на добиената порака.

Регистрација за обуки

При отварање на повик за обука, на веб страницата во делот за регистрација им се овозможува на сите лица кои сакаат да учествуваат на истата да ја пополнат формата со внесување на следниве категории на лични податоци:

  • Име и презиме.
  • Организација/институција.
  • Телефон за контакт.
  • Маил за контакт.

Овие податоци се чуваат во согласност со роковите поврзани со организирање на самата обука односно 10 години од денот на собирање.

Лични податоци на вработени лица

Податоците за вработени лица се прибираат врз основа на член 8 и член 20 од Законот за евиденции од областа на трудот, а кои податоци се неопходни за исполнување на конкретни права и обврски од работниот однос. Во таа насока, за нашите вработени обработуваме:

  • име и презиме на вработените;
  • име на еден од двата родитела;
  • датум на раѓање;
  • место на раѓање;
  • општина на раѓање;
  • адреса на живеење или престојување;
  • место на живеење;
  • општина на живеење;
  • единствен матичен број на граѓанинот;
  • држава;
  • припадност на заедница;
  • пол;
  • мејл адреса;
  • телефон ;
  • податоци за тековното вработување и за претходните вработувања (група, подгрупа, категорија, ниво и работно место) ;
  • податоци за образованието, стручните квалификации и работните компетенции;
  • податоци за годишните оцени; и
  • податоци за висината на платата и на надоместоците од плата;
  • број на трансакциска смета;
  • ЕМБГ;

Рокот за чување на личните податоци на вработените е утврден со Законот за евиденција од областа на трудот и листа на документарен материјал со рокови на чување на организацијата. Досиејата на вработени се чуваат 45 години од денот на престанок на работниот однос. Сите други податоци за вработените се чуваат во согласност со предвидените рокови во Процедурата за ограничување на роковите за чување и листата на документарен материјал со рокови за чување.

Лични податоци на кандидати за вработување

Личните податоци за кандидатите за вработување ги обработуваме преку доставувањето на CV, апликација за вработување, мотивациско писмо или при извршување на интервју/тестирање. Обработката на вашите лични податоци се врши во согласност со член 10 став 1 алинеја 2 од законот. Во таа насока за вас како кандидати за вработување се обработуваат:

  • Име и презиме,
  • Датум  место на раѓање,
  • Адреса на живеење,
  • Информација дали поседувате возачка дозвола,
  • Контакт (број на телефон,маил),
  • Образование,
  • Занимање/професија,
  • Работно искуство,
  • Познавање на странски јазици,
  • Познавање на работа со ИКТ технологии
  • Други соодветни познавања од областа на работното место за кое аплицира

Вашите лични податоци во текот на целиот процес на избор на кандидат се обработуваат со цел склучување на договор за вработување, донесување на одлука за висина на платата. По завршување на постапката, доколку сте избрани за работната позизија ќе се пристапи кон склучување на содоветен договор за вработување. Во спротивно, Вашите лични податоци, вклучувајќи ја документацијата која сте ја поднеле кај нас (CV, мотивациско писмо, копија од дипломи, сертификати и други докази) се враќаат кај Вас или се уништуваат доколку се поднесени како копија. Доколку сметаме дека вашето работно искуство може во иднина да биде потребна за нашата организација, со ваша изречна согласност ќе продолжиме да ги чуваме вашите податоци за да бидете контактирани во моментот кога ќе се ослободи соодветно работно место. Оваа обработка на лични податоци се основа на вашата изречна согласност и како таква можете да ја повлечете во секое време бесплатно, при што повторно се пристапува кон бришење/враќање/уништување на вашите лични податоци.

Лични податоци на учесници на обуки

За исполнување на поставените цели на проектот, организацијата организира разни наменски обуки, на кои можат да се пријават сите кои имаат соодветен интерес. Во таа насока, врз основа на согласноста од лицата кои учествуваат во обуката и за цели истото да послужи како доказ дека обуката е оддржана се обработуваат следниве категории на лични податоци:

  • Име и презиме,
  • Организација/институција.
  • Телефонски број/маил.
  • Потпис.

Активностите на проектот се предмет на ревизии и за таа цел овие податоци се чуваат десет години од денот на оддржување на обуката. Уништувањето се врши во согласност со интерните прописи како и правилата за архивско работење.

За цели на документирање на активностите на проектот како и за информирање на јавноста, при оддржување на обуките проектниот тим на организацијата, фотографира и објавува слики и информација за оддржување на активностите на својата веб страница.  

Лични податоци за ангажирани лица (консултанти и надворешни соработници)

Во рамки на исполнување на проектните цели, организација преку објавување на повици за консултанти или преку соработката со партнерите во проектот како и преку веќе воспоставената мрежа на соработка со надворешни соработници, организацијата обработува лични податоци на надворешни ангажирани лица. Со сите лица кои се одбрани за соработка, организацијата склучува соодветен договор за соработка. Во рамките на оваа соработка за оваа категорија на субјекти, се обработуваат следниве категории на лични податоци:

  • Име и презиме.
  • ЕМБГ.
  • Број на лична карта.
  • Адреса.
  • Контакт податоци (број на телефон, маил)
  • Занимање/професија.
  • Работни часови.
  • Трансакциска смета
  • Други податоци поврзани со исполнување на договорот.

Податоците се обработуваат со цел извршување на доворите со нашите надворешни ангажирани лица (соработници и консултанти). Рокот за чување на податоците е уредено со интерните прописи и истата изнесува 10 години од денот на раскинување на договорот. Уништувањето се врши во согласност со интерните прописи и правилата за архивско и канцелариско работење.

Споделување на лични податоци

Во зависност од категоријата на субјекти на личните податоци, со цел спроведување на законските права и обврски, можно е вашите податоци да бидат споделени со трети страни. Во рамки на вработувањето податоците се споделуваат со Агенцијата за вработување, Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензиско осигурување, вашата определена банка за  примање на плата, Управа за јавни приходи, како и други надлежни институции. Вашите податоци како учесници на обуки и соработници не се споделуваат со трети страни.

Откривање на лични податоци

Личните податоци кои ги обработуваме се откриваат само врз основа на писмено барање од овластени лица врз основа на закон.

Доколку контролорот ангажира обработувач, истото го врши со целосно почитување на член 32 од Законот за заштита на личните податоци, и ги презема сите технички и организациски мерки за заштита на обработката на личните податоци. При избор обработувач организацијата има донесено процедура за избор на обработувачи, која како критериум за избор го предвидува и нивото на усогласување со законот за заштита на личните податоци.

Меѓународен пренос на личните податоци

Седиштето на организцијата е во Швајцарија и вашите податоци се пренесуваат само во рамки на самата организација но не и надвор од истата.  

Безбедност на личните податоци

Организацијата ги презема сите технички и организациски мерки за обебзедување на безбедност на обработката на личните податоци соодветно на ризикот на правата и слободите на субјектот на личните податоци. Организацијата вложува посебни напори и средства за обука за заштита на личните податоци на вработените, а посебно на координаторот за заштита на личните податоци. Податоците во хартиена верзија се чуваат во посебни простории и пристапот е ограничен само на овластените лица. Податоците во електронска верзија се обработуваат во апликации кои се користат на ниво на организација, во кој исто така е ограничен пристапот и се преземени сите технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

Вашите права

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате овластеното лице за заштита на личните податоци.

Вашето право за поднесување на барање до надлежниот орган

Доколку сметате дека организацијата при обработка на Вашите лични податоци ги повредува одредбите од ЗЗЛП, можете да поднесете барање до надзорниот орган Агенција за заштита на личните податоци. Барање: https://www.dzlp.mk/node/3274