Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк), има потреба од изработка на веб платформа прилагодена за млади, која ќе ги води учениците и нивните родители низ можностите за средно стручно образование во Северна Македонија.
Техничката и финансиската понуда треба да бидат доставени на македонски јазик во 3 идентични копии, со финансиска понуда во посебен затворен коверт најдоцна до 12 јуни 2025 година, во 15:00ч.
Сите документи треба да бидат доставени во еден затворен коверт со назнака „VET Qualifications Digitalized Guideline” на следната адреса:
Хелветас Швајцарска Интеркооперација Подружница во Скопје
Проект: Образование за вработување во Северна Македонија, Фаза 2
ул. Дебарца бр.20
1000 Скопје, Северна Македонија
Заинтересираните страни можат да поставуваат прашања во врска со повикот на адресата e4equotations@helvetas.org најдоцна до 2 јуни 2025 година до 11:00 часот, со назнака „Tender for VET Qualifications Digitalized Guideline”. Одговорите на сите поставени прашања ќе бидат јавно објавени на веб страната на Е4Е@мк во продолжение на овој повик.



