Повик за понуди – Фотографија и видео продукција

Повик за понуди – Фотографија и видео продукција

Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк) воспоставува база на квалификувани фотографи и видео продукции, која ќе биде регулирана со рамковни договори. Селектираните даватели на услуги ќе бидат ангажирани по потреба за индивидуални ангажмани, а истите ќе го поддржуваат проектот во документирање на активности, прикажување резултати, како и изготвување визеулна содржина која ќе ги комуницира проектните цели, постигнувања и влијание.

Поканети да аплицираат се физички и правни лица.

Техничката и финансиската понуда треба да бидат доставени на македонски или англиски јазик, само на електронската адреса e4equotations@helvetas.org, најдоцна до 1 септември 2026, до 16:00ч.

Заинтересираните страни можат да поставуваат прашања во врска со повикот на адресата  e4equotations@helvetas.org најдоцна до 13 август 2026 год, до 16:00ч.

Одговорите на сите поставени прашања ќе бидат јавно објавени на веб страната на Е4Е во продолжение на овој повик, најдоцна до 18 август 2026 год.