Повик за предлози

Повик за предлози

Канцеларијата на Хелветас во Северна Македонија спроведува различни проекти насочени кон поттикнување на одржливиот развој во земјата и поширокиот регион на Западен Балкан. Како дел од мрежата на Хелветас, нашата канцеларија е посветена на обезбедување практични, одржливи и влијателни решенија за промовирање на економскиот, социјалниот и еколошкиот напредок. Иако нашите проекти првенствено се поддржани од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), ние исто така соработуваме со други меѓународни организации и донатори, како и со јавни и приватни партнери, како на домашно така и на меѓународно ниво, со цел да одговориме на тековните развојни предизвици.

Во моментов во потрага сме по реномирана консултантска компанија специјализирана за услуги за толкување/преведување и/или обезбедување на опрема. Како организација посветена на поттикнување одржлив развој, ја препознаваме важноста на ефективната комуникација во нашите проекти. Затоа, бараме давател на услуги со експертиза во обезбедување висококвалитетни услуги за толкување и преведување, како и сигурни решенија за опрема. Доколку вашата компанија ги поседува потребните квалификации и искуство во оваа област, ве повикуваме да го поднесете вашиот предлог на разгледување.

Придружете ни се во нашата мисија да направиме позитивно влијание и да придонесеме во напорите за одржлив развој. Со нетрпение очекуваме да ја добиеме вашата апликација.

За повеќе детали и инструкции за апликација, ве молиме погледнете го документот со Условите на работа (Terms of references). Краен рок за поднесување е 15 мај, 2024 година.