Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк) фаза 2, има потреба од услуги за креирање на стратегија за комуникации со акциски план за потребите на Центарот за стручно образование и обука.
Техничка и финансиска понуда треба да се достави најдоцна до 12-ти јуни 2023 година во затворен плик со назнака „Стратегија за комуникации за стручно образование и обука“ на следната адреса:
Хелветас Швајцарска Интеркооперација Подружница во Скопје
Проект: Образование за вработување во Северна Македонија, Фаза 2
ул. Блаже Конески (поранешен булевар ВМРО) бр.1 – реон 30
1000 Скопје, Северна Македонија
Повеќе информации достапни на следниот линк: https://e4e.mk/wp-content/uploads/2023/06/tor-comm-strategy-vetc-.pdf