проектен приод и извештаи
Проектот применува инклузивен системски приод кој се базира на зајакната соработка со партнери од приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор на национално и локално ниво, надлежни за донесување на одлуки во системот на формално и неформално стручно образование и обука. Преку ваквиот приод, проектот со своите активности се стреми да придонесе кон системски промени кои ќе бидат одржливи на долг рок. Токму затоа, од самиот почеток, проектот настојува да соработува со партнери кои имаат заедничка визија и/или заеднички цели со цел таквото партнерство да биде засновано на комплементарни придонеси од сите страни.