Програмирање и планирање на учење преку работа

Програмирање и планирање на учење преку работа

Во периодот од 15 до 17 август 2022 година, Центарот за стручно образование и обука реализираше работилница со цел Програмирање и планирање на учењето преку работа кај работодавач за втора година за паралелка со зголемен број часови по практично образование.

Работилницата ја реализираа советници од Центарот за стручно образование и обука: Ардијана Исахи Палоши, Ридван Зеќири, Марија Настовска, Лепа Трпческа и Азра Тутиќ, а учествуваа 83 претставници од 32 средни стручни училишта, наставници по стручни предмети и координатори за учење преку работа како и ментори од компании со кои училиштата имаат остварено соработка за запишување паралелка со зголемен број часови за практично образование во учебната 2020/2021 година.

Очекувани резултати од оваа работилница се:

  • изготвување Наставна програма за УПР кај работодавач за паралелки со зголемен број  часови практично образование, за втора година со примена на Насоките за програмирање и планирање на учење преку работи кај работодавач,
  • програмирање и планирање на учењето преку работа кај работодавачи за паралелки со зголемен број часови практично образование.

Со реализацијата на оваа работилница заедно со проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ – E4E@мк кој ги поддржува реформите за стручно образование во Република Севеврна Македонија, а истиот е поддржан од Швајцарската влада, се очекува во иднина учесниците (училиштата и компаниите) самостојно да ги планираат активностите за реализација на сите видови практично образование како и подобрена соработка помеѓу засегнатите страни за подобрување на квалитетот на реализацијата на учењето преку работа кај работодавач.