Првите 3 компании – Фонд за Можности 2019

Првите 3 компании – Фонд за Можности 2019

РОНТИС, КОСТАЛ и К.А.К. Скопје се првите три компании кои ќе ја искористат поддршката од Фондот на Можности во 2019 година. Трите компании, лидери во своите сектори ќе спроведат обуки за стручни вештини со кои ќе се овозможат вработувања на млади лица.

Фондот за Можности е алатка на проектот Е4Е@mk со која се поддржуваат приватниот сектор и центрите за обуки во обезбедување на стручни вештини за вработување.