Преку работилници за трансфер на „Учи паметно работи стручно“ на локално ниво, општините од Република Северна Македонија ги превземаат следните чекори за унапредување на дуалниот модел на стручно образование на локално ниво.
Од 2023 година, општините и средните стручни училишта, во соработка со приватниот сектор ќе спроведуваат:
- Анализа на пазарот за потребата од кадри во компаниите и нивната подготвеност за практична обука на ученици на локално ниво.
- Социјален дијалог „Учи паметно работи стручно“.
- Работни средби помеѓу училишта – компании/работодавачи за воспоставување на партнерства.
- Отворени промотивни денови „Учи паметно работи стручно“ во средни стручни улилишта.
Во изминатите години, процесот на “Учи паметно работи стручно” се реализираше под водство на Министерството за образование и наука, Центарот за стручно образование и обука и Стопанска комора на Северна Македонија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку проектот Образование за вработување во Северна Македонија – E4E@мк. Од национално ниво, сега процесот на УПРС се пренесува на локално ниво кон општините, кои се носители на локалниот економски развој и унапредувањето на дуалното стручно образование.
Преку овие работни средби, општините и средните стручни училишта се подготвуваат за преземање и реализацијата на УПРС кој изминатите години успешно го поддржува унапредувањето на стручното образование и наука, особено дуалното образование, и помогна во постигнување на следните резултати:
- Вклучување на 450 компании во дуалното образование.
- Вклучување на 61 средно стручно училиште во дуалното образование.
- Формирање на над 250 дуални паралелки во средните стручни училишта.
- Упис на над 4500 ученици во дуални паралелки на државно ниво.
- Вклучување на над 60 профили и 14 сектори во дуалното образование.
- Зголемување на бројот на сертифицирани ментори во компании.
Заради вклучување на сите релеватни страни на локално ниво и сеопфатна реализација на УПРС, на работните средби учествуваат одговорните лица за образование од општините, претставици од ЛЕР, директори на училишта, координатори на процесот за учење преку работа, наставници и претставници на Стопанска комора на Северна Македонија.
Работна средба на 05.12.2022 година за општините Велес, Кавадарци, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Свети Николе.




Работна средба на 07.12.2022 година за општините Кочани, Берово, Виница, Делчево, Македонска Каменица, Пехчево, Кратово и Пробиштип.


Работна средба на 12.12.2022 година за општините Струмица, Богданци, Валандово, Гевгелија, Радовиш и Штип.




Работната средба за Град Скопје и Општина Илинден се реализира на 13.12.2022.
Работната средба за општините Битола, Демир Хисар, Крушево, Прилеп и Ресен се реализира на 14.12.2022.
Работната средба за општините Кичево, Македонски Брод, Струга, Охрид, Гостивар, Тетово, Дебар и Врапчиште се реализира на 16.12.2022. За повеќе информации за работните средби за трансфер на „Учи паметно работи стручно“ на локално ниво, можете да се обратите до проектот Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е@мк на следниот и-меил: e4einfo@helvetas.org