РЕГУЛАТИВА
Целта на оваа компонента е зајакнување на клучните институции за да се создаде поповолна рамка за обезбедување и пристап до пазарно-ориентирано и инклузивно стручно образование и обука.
Преку оваа компонента, проектот E4E@mk се стреми да го поттикне дијалогот меѓу носителите на одлуки за стручното образование и обука и да ги поддржи во градење на систем на стручно образование и обука кој ќе биде ориентиран кон потребите на компаниите. Проектот ќе го поттикнува и олеснува дијалогот меѓу министерствата, националните и локалните институции со социјалните партнери (коморите, сојузите, организациите на работодавачи, компаниите итн.).
Понатаму, проектот ќе обезбедува и споделува искуства и податоци кои ќе бидат основа за подобрување на законската рамка и регулативата за таа да обезбедува квалитет на стручното образование и обука, ефективна распределба на одговорности помеѓу јавните и приватните партнери, како и обезбедување и распределба на дополнителни ресурси за стручното образование и обука.
Исто така, проектот ќе обезбедува и ќе поддржува размена на искуства меѓу институциите во Република Северна Македонија и соодветни институции во регионот и во Швајцарија со цел да се зајакне свеста за важноста на стручното образование и обука за развојот на земјата.