РОДОВА И СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА
Родовата и социјалната инклузија ќе биде систематски интегрирана во комплетното управување на проектот, почнувајќи од спроведените/идните анализи, имплементација, до евалуација и известување. Сеопфатната анализа по однос на родовата и социјалната инклузија којашто беше спроведена во 2018 година идентификуваше заеднички и различни потреби и приоритети на жените, мажите, Ромите и лицата со посебни потреби, кои ќе ги насочуваат проектните интервенции од тој аспект. Сите податоци собрани преку проектните активности беа дезагрегирани по однос на пол, возраст, ромска национална припадност и идентификувани посебни потреби. Родовата еднаквост и социјалната инклузија ќе бидат земени предвид и промовирани при изборот на партнери и даватели на услуги, секогаш кога тоа е можно. Понатаму, проектот се стреми кон сензитизација на засегнатите страни и партнерите за социо-економските придобивки од родовата и социјална инклузија.
Проектот ќе продолжи да воспоставува соработка со организации кои работат на ова поле, односно организации кои работат со жени, Роми и лица со попреченост кои се загрозени или изложени на ризик, граѓански организации кои ги поддржуваат жртвите на семејно насилство, самохрани мајки, и други, со цел да ја подигне свеста за можностите кои ги нуди формалното и неформалното стручно образование и обука, да ги обучи и на тој начин да им го олесни патот до вработување на овие целни групи.
Горенаведените димензии ќе придонесат за развој на стратегија за родова и социјална инклузија на проектот којашто ќе биде изготвена во текот на 2019 година, заедно со клучните партнери и системските чинители.