Советодавна група
Задачата на Советодавната група е да го советува и поддржува проектот преку професионална размена и процена на теми поврзани со развојот на стручни вештини, подготовка и споделување на информации за развојот на стручни вештини со клучните институции, како и поднесување предлози поврзани со развојот на стручни вештини на проектот. Дополнително, Советодавната група обезбедува инпути за годишниот процес на планирање и известување на E4E@мк, како и за други важни документи, може да води работни групи на одредени теми и може да учествува во активности поврзани со обезбедување квалитет и следење и евалуација во проектот.
Членовите на советодавната група се претставници од следниве институции:
- Министерство за образование и наука
- Министерство за труд и социјална политика
- Центар за стручно образование и обука
- Центар за образование на возрасни
- Државен просветен инспекторат
- Стопанска комора на Македонија
- Занаетчиска комора Скопје
- Агенција за вработување