„Денес правиме исчекор за да го подобриме квалитетот на практичната настава во компаниите во склоп на студиите на Земјоделскиот факултет во Штип. Преку овие промени очекуваме компаниите да бидат задоволни од стекнатите вештини и компетенции на студентите во текот на нивното студирање“, рече проф. д-р Емилија Арсов, декан на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД), на отворањето на дводневната работилница „Развој на менторска програма за високото образование во земјоделството“.
Целта на работилницата е да се подобри менторскиот систем за учење преку работа во компанија. Програмата ќе содржи конкретни активности за практична работа и учење за идните инженери агрономи, а истата ќе одговара на потребите на компаниите кои ќе бидат нивни идни работодавци.
„Доколку зборуваме за успешноста на некоја високообразовна установа, таа треба да се мери според бројот и брзата вработливост на студентите по завршување на нивните студии“, вели консултантката Наташа Јаневска. Таа додава дека во овој процес потребно е да се водиме од тоа што бараат работодавачите од студентите. Тие бараат академско искуство; работно искуство, односно практична работа во компанија; но и лично животно искуство, односно ставовите на студентот, неговите компетенции, проценката, самостојноста и одговорноста. Сите овие барања се преточени во резултатите од учење.
Обуката ја проследија ментори од УГД, претставници од Центарот за кариера и развој на УГД, како и ментори од дел од компаниите кои изразија интерес за учество во развојот на програмата. Меѓу нив се: Живино-Пром, АгФутура Технологии, Агропродукт, Имако Вино, Мик Свети Николе, Агриа Груп Велес, Мрежа на Земјоделски задруги. Обуката ја спроведоа консултантите вклучени во развојот на програмата и тоа Наташа Јаневска, Соња Ристовска и Ардијана Исахи Палоши. Оваа обука се одржа во рамки на активноста „Развој на менторска програма за високото образование во земјоделството“, финансиски поддржана од Владата на Швајцарија преку проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ (E4Е@mk) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост

