Ние во „Образование за вработување“ сме посветени на решавање на предизвиците на пазарот на труд во Северна Македонија, особено големата разлика помеѓу големиот број работни места и високите стапки на невработеност кај младите. Приватните компании, особено микро и малите претпријатија се соочуваат со потешкотии при планирањето поради отсуство на јасна економска стратегија. Оваа неусогласеност го засега и стручното образование и обука (СОО), односно многу од младите кои завршиле средно образование не можат да ги исполнат барањата на пазарот на труд. Како резултат на тоа, голем дел од нив остануваат невработени, со што се оптоваруваат државните ресурси за нивна интеграција во работната сила.
Нашиот фокус е на премостување на овој јаз преку зајакнување на врската помеѓу стручното образование и потребите на пазарот на труд, осигурувајќи дека младите во текот на средното образование ќе ги стекнат потребните вештини за успешно и пристојно вработување.
Нашата цел
Нашата визија
До крајот на втората фаза од проектот, замислуваме македонски систем за развој на стручни вештини којшто е заснован на пазарните барања, поддржува иновации, се заснова на законска рамка која е инклузивна и релевантна за пазарот на труд и претставува заедничка одговорност на јавниот и приватниот сектор.
Нашиот пристап
Исход 1: Подобрен систем на стручно образование и обука кој ефективно и ефикасно ги подготвува младите за пазаорт на труд
Нашата визија е да видиме најмалку 20% од учениците од средно стручно образование и обука да учествуваат во дуални програми, во соработка со се поголем број компании и регионални центри и училиште за стручно образование и обука. Овие програми имаат за цел да им обезбедат на учениците квалитетни теоретски знаења и практични вештини кои се бараат од страна на приватнииот сектор, на тој начин подготвувајќи ги за успешен премин кон пазарот на труд. Проектот ќе даде приоритет на поддршката за понатамошен развој на дуалниот модел на средно стручно образование и обука, вклучувајќи 2,3 и 4- годишни програми.
Исход 2: Компаниите и организациите за поддршка на бизнисите учествуваат во креирањето на програмите за стручно образование и обука и ја гарантираат нивната пазарна релевантност
СОО може да биде пазарно релевантно само кога се заснова на потребите на економијата, односно компаниите. Го препознаваме значењето на вклучувањето на приватниот сектор во обликувањето на стручното образование и обука за да се осигури неговата релевантност за потребите на пазарот. Преку соработката со компаниите и организации за поддршка на бизнисот, целиме заеднички да ја креираме и осигураме пазарната релевантност на СОО., Со зголемување на нивната вклученост на различни нивоа на СОО, се стремиме да го усогласиме стручното образование со променливите потреби на еконоијата.
Придружете ни се во нашата мисија за зајакнување на младите, промоција на социјална инклузивност и стимулирање на одржлив економски развој преку пазарно ориентирани образование и обука. Заедно можеме да создадеме посветла иднина за младите и економијата во Северна Македонија.