ЗАСТАПУВАЊЕ

Проектот се стреми кон застапување на формално и неформално стручно образование со цел поголемо поврзување со потребите на пазарот на трудот и поголема инклузивност. Во предвид ќе бидат земени тековните и идните потреби на сите заинтересирани страни вклучувајќи ги и носителите на одлуки за стручното образование и обука и ќе биде изготвена стратегија која ќе поаѓа од визијата за обезбедување на ефикасно и релевантно формално и неформално стручно образование. Проектот, исто така, ќе го подржи процесот на создавање вистински дијалог меѓу институциите кои се носители на одлуки и работодавачите.